Search

Обама: На САД им претстои тешка задача за менување на лудачките теории на заговор

Поранешниот американски претседател Барак Обама даде интервју за БиБиСи велејќи дека САД се повеќе поделени од кога и да е, и покрај победата на Бајден. Обама рече дека Соединетите држави мора да се соочат со тешката задача да ја сменат културата на „луди теории на заговор“, што според него дополнително ги зголемиле поделбите во земјата. Тој ги нарече ваквите теории како распаѓање на вистината.

Обама рече дека победата на Бајден е само почеток на санирање на тие поделби. „Ќе бидат потребни повеќе од едни избори за да се променат тие трендови“, рече Обама.

Тој додаде дека поларизираната нација не можат да ја поправат само политичарите, туку се потребни и структурни промени и дека луѓето се слушаат и се согласуваат за заеднички факти, пред да најдат нешто за што нема да се согласат.

Сепак, тој вели дека се надева многу на софистицираните ставови на новата генерација и ги повика младите да негуваат оптимизам зашто , како што вели светот може да се промени, но и тие да бидат дел од промената.

„Сега сме поделени повеќе отколку што бевме кога се кандидирав во 2007 година“, рече тој.

Обама потоа додаде дека во тоа е важен уште еден фактор, а тоа е ширењето на дезинформации преку Интернет, каде фактите не се важни.

„Милиони луѓе се претплатија на мислата дека Џо Бајден е социјалист, на мислата дека Хилари Клинтон е дел од злобната Кабала која е дел од кругот на педофили“, рече Обама, потсетувајќи на некои од теориите на заговор.

Тој додаде дека верува дека во одреден момент ќе биде потребен некаков вид регулатива, но исто така и стандарди во индустријата за да се дојде до точката каде што ќе можат да се идентификуваат клучните факти пред луѓето да започнат да се расправаат за нив. Тој рече дека ова се проблеми што постојат низ целиот свет и дека тие се јавуваат кога луѓето кои не можат да постигнат економски напредок почнуваат да обвинуваат одредена група на луѓе за тоа.

Треба да знаете
Последни објави