Search

Повик за апликации за реконструкција на училишни објекти од буџетот на МОН

Објавен е повик за доставување апликации (барања) за финансирање проекти за реконструкција на објекти на основни и средни училишта во надлежност на општините и на Град Скопје со средства од буџетот на Министерството за образование и наука. Целта е да се  подобрат условите и квалитетот на училишното образование и воспититание. Јавниот повик e отворен, без рок за поднесување на апликациите, а парите за оваа намена ќе се обезбедат и реализираат преку  јавна набавка спроведена од МОН.

Пријавувањето се врши со доставување пополнета апликација (барање), задолжително со имотен лист за училишниот објект за кој се бара реконструкција, основен проект со содржана предмер пресметка и ревизија на проект од овластен проектант/ревидент што работите за проектирање/ ревизија  ги вршат во правно лице кое е регистрирано во Централниот регистар за вршење на соодветна дејност и кое поседува лиценца за проектирање/ревизија и фотодокументација за приказ на состојбата за реновирање.

МОН во повикот укажува дека информациите кои се презентирани во апликацијата (барање) треба да се точни и комплетни, а одговорноста за точноста  ја презема Општината/Град Скопје. Апликацијата се потпишува од градоначалникот.

Во јавниот повик на веб-страницата на МОН е наведено во кои случаи апликациите ќе бидат одбиени и нема да се оценуваат и рангираат, како и критериумите за бодирање на апликациите, што ќе го прават комисии формирани од министерот за образование и наука, начинот на пријавување и информации каде да се добијат појаснувања и стручни консултации.

Резултатите од рангирањето на проектите по пристигнати и неодбиени апликации  ќе бидат објавени на веб-страницата на МОН www.mon.gov.mk.

Во случај на повеќе од една апликација од една Општина/Град Скопје, а во услови на ограничени средства во буџетот,  МОН може да го ограничи бројот на проекти за финансирање по поднесени апликации во текот една фискална година и да планира нивна реализација во наредни фискални години.

Јавниот повик не се однесува на финансирање проекти за санација на училишни објекти од буџетот на МОН ако таа е предизвикана од виша сила (пожар, поплава земјотрес…), за кое е потребно итно и неодложно санирање на училишниот објект или дел од училишниот објект.

Треба да знаете
Последни објави