Search

Барди е најдобар странски играч во историјата на Леванте

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди поради повреда ги пропушти трите натпревари од Лига нации, меѓу кои беше и оној историскиот за пласман на ЕП заостанат од ланската сезона кои „црвено-жолтите“ го добија во Тбилиси (1:0) против Гуризија и си обизбедија премиерен настап на континенталната завршница идното лето. Селекторот Игор Ангеловски – Мрме мака мачи каков тим да состави за дуелите од новото издани во ЛН со Естонија кој го добија во Скопје (2:1) и утрешниот дуел со Ерменија на неутрелен терен во Никозија, ога го нема на рсполагње речиси целиот прв тим.

Во очекување што побрзо да ги санира болките во рбетот Барди доби признание од својот клуб Леванте. Како што информира шпанската „Марка“, Барди е најдобриот странец во 111-годишната историја на шпанскиот лигаш Леванте. Македонскиот репрезентативец неодамна го одигра 100 натпревар во дресот на Леванте, а со досегашниот учинок од 19 гола е и најдобар стрелец од странство во овој шпански клуб.

Го надмина билансот на Мустафа кој застана на 17, воедно Македонецот е трет стрелец во Ла Лига после Моралес кој има 40 и Рожер Марти (30).

Треба да знаете
Последни објави