Санкционирани 172 возачи во Кисела Вода и Сопиште

Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера на територијата на Кисела Вода и Сопиште изрече се вкупно 172 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 17 за неисправни и нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол и 16 мерки за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави