Станојковиќ: Грузија и Косово ги победивме на сличен начин

Честитик за македонските репрезентативци пристигнугваат од сите страни. Победата против Грузија е топ-тема. Анализите за настапите на македонскит државен тим секој од свој агол ги коментира.

Еден од поранешните репрезентативци во првата генерација на самостојна Македонија, потоа дел од стручниот штаб на селекција и селектор на помладите возрасни категории, Вујадин Станојковиќ не го крие задовлството од остварениот сон на многуте генерации.

-Двата нокаут мечеви, со Грузија и Косово ги одигравме на сличен начин. Ја пуштивме иницијатива, но бевме компактни, одлично се движевме по длабочина, игравме мудро. Решавачката акција започна од Велковски кој исфрли двајца играчи на Грузија, па тргна Елмас и доаѓа ситуацијата за завршница кога сите останати беа на 40 метри. Несторовски и Пандев одиграа одлично, Елмас во дел од секунда одлично додава, Пандев се отвора со дупли пас и одлична завршница – е коментарот на Станојковиќ во „Студио 10“ за победничкиот момет во Тбилиси.

Треба да знаете
Последни објави