Преспанското езеро е повлечено и до 500 метри, ова е еколошка катастрофа

Iнтегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски

Се наоѓаме на местото каде некогаш беше Преспанското езеро, да, на местото каде што стоиме пред две години имаше вода, денес езерото е повлечено од 50 – 500 метри кон средината. Ова што се случува во Преспа, а е резултат на неспособната влада и нејзината желба за профит го загрозува животот како на луѓето, така и на целиот животински и растителен свет во Преспа и целиот Југозападен регион на Република Македонија.

Нивото на езерото е опаднато за над 5 метри. Ова е рамно на еколошка катастрофа, а на истата сме сведоци секојдневно. Изумрена риба на бреговите, намален кислород во езерото, со што практично е загрозен целиот рибен фонд, и опасност од трајно исчезнување на езерото. Преспанското езеро е езеро кое што го полни Охридското езеро, и доколку дотурот на вода во истото е слаб, а одливот голем, може да дојде до целосно пресушување, што во моментов и практично се случува.

Ова пред се е резултат на големото трошење на водата од Црни Дрим за производство на струја и големиот одлив кон Охридското езеро, но и непланското трошење на водата од Преспанското езеро. Ова е национална катастрофа, која има име и презиме – Зоран Заев. Некој за ова мора да понесе одговорност. Се става во крајна опасност опстанокот на езерото, опстанокот на туризмот во регионот, но и животинскиот и растителниот свет во овој регион.

Во Република Албанија имаше и парламентарна расправа и се активираат голем број на чинители за спас на езерото, но во Република Македонија, каде се наоѓа поголемиот дел од езерото, владата молчи и дозволува тоа бавно да исчезнува и пресушува.

Одговорност за ова ситуација мора да има.

Треба да знаете
Последни објави