Шон Конери бил насилник претставен како светец: Ја тепал жена му, ѝ забранувал да работи и ја оставал без пари!

Пред помалку од две недели, Шон Конери починал во сон. На возраст од 90 години си замина актерот, кој беше најпознат по улогата на Џејмс Бонд.

Водејќи се по изреката „за покојните сè најдобро“, многумина направија светец од Шон Конери, но тој бил далеку од тоа.

Имено, Шон во две интервјуа признал дека не гледа ништо лошо во тоа некој да ја удира својата жена, а подоцна, секако, сето тоа го демантирал. Жестоко ги негирал изјавите на својата прва сопруга Дајана Силенто дека ја тепал во текот на нивниот брак долг 11 години.

Меѓутоа, сите ѝ верувале на Дајана Силенто, бидејќи несреќната жена долго време имала модрици на лицето, како сведоштво за насилството во бракот.

Додека Шон Конери сè уште бил многу млад актер, го следела репутација на човек со тежок карактер и склоност на насилство.

Во 1958 година, Шон Конери снимал филм со Лана Турнер. Ненадејно, на снимањето се појавил Џони Стомпанато, вперил пиштол во Конери и му кажал да се тргне од Лана. Конери го зграбил пиштолот и му ја свиткал рака на Стомпанато. Гангстерот побегнал.

Пријател близок на Дајана Силенто тврди дека таа често имала модрици на окото и отечено лице, кое го криела под слоеви шминка. Дајана не била слаба жена, но уште тогаш било јасно дека станала жртва на насилство во семејството.

Во тоа време Шон Конери веќе снимил три филма за Џејмс Бонд и бил исклучително популарен актер.

На прославата, по успешното завршување на еден од филмовите, Дајана Силенто славела со колегите…

Преземено од Убавина и Здравје

Треба да знаете
Последни објави