Тијана Дапчевиќ за реалните шоуа: „Тоа е како да ставиш три камери во одделние во Бардовци“

 Пејачката Тијана Дапчевиќ во интервју за „Бекстејџ“ проговори дали некогаш би влегла во нокое реално шоу кои ги има многу во соседните држави и истите рушат рекорди на гледаност.

Тијана вели дека ниту на крај на памет не и да биде дел од една таква емисија.

– Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделние Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А, луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер – вели Дапчевиќ.

Треба да знаете
Последни објави