Search

Судот ја отфрли тужбата против продукциската куќа на Џенифер Лопез

Продукциската куќа на Џенифер Лопез може да здивне откако федералниот судија ја отфрли тужбата поднесена од жена која ги обвини продуцентите на филмот „Хастлерс“ за експлоатација и клевета.

Саманта Барбеш, поранешна стриптизета, бараше да ѝ биде исплатена оштета во износ од 40 милиони долари.

Саманта, чија животна приказна всушност беше инспирација за филмот откако претходно во 2015 година беше раскажана од магазинот „Њујорк Тајмс“, ги тужеше продукцијата и соработниците на Лопез, барајќи голема оштета.

Но, во вторникот американскиот окружен судија Дениз Коте го одобри барањето на адвокатите на Лопез да се отфрли тужбата, според судските документи добиени од „Ентертејменмент викли“.

Со ваквата одлука, Лопез, како и дистрибутерот на филмови, и сите други инволвирани во снимањето на „Хастлерс“ можат конечно да здивнат од правната неизвесност.

Треба да знаете
Последни објави