Search

Поставувањето на КОВИД-центрите ќе зависи од подготвеноста на локалните власти

Поставувањето на КОВИД-центрите ќе зависи од подготвеноста на локалните власти. Постапката во проектната единица на Светската банка заврши, сега се потпишуваат договорите и почнуваат подготвителните работи, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, ковид-центрите не се само објекти, туку се целосно опремени за третирање пациенти.

-Секаде каде што се подготвени локалните власти со обезбедување да се постават болниците, по тој редослед и приоритет ќе се поставуават. Тие КОВИД-центри не се само објекти, туку се целосно опремени немедицински и медицински за да третираат пациенти, истакна министерот по посетата на Општата болница во Гостивар.

Филипче информира дека се уште е поголем бројот на болни пациенти кои се хоспитализираат, од оние што се испишуваат од болниците. На скопските клиники, напомена, се обезбедени болнички кревети, кадарот се ротира и е целосно мобилизиран. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згиржат КОВИД пациенти.

Треба да знаете
Последни објави