Search

Николовски: Поставуваме стручни директори, ја поправаме погрешната политика за вработувања

„Има активни огласи според закон за сите директорски позиции каде што има испразнети места. Тие огласи се со дефинирани критериуми, услови, како и вештини на кандидатите, но задолжително мора да имаат и програма како ќе ја развиваат институцијата за која конкурираат. Ова сега се времени вршители на должноста, не се официјални директори. Таму каде што има огласи бараме кредибилност на кандидатите, ако сакаме да има напредок.“- одговори вицепремиерот Љупчо Николовски во емисијата Трилинг на телевизија 24, запрашан дали директорие што ги поставува СДСМ ги исполнуваат критериумите. Во продолжение на одговорот Николовски наведе дека одреден број институции немаат соодветен кадар. Иако администрацијата е полна со вработени, сепак не се вработувале кадри неопходни за функционирање и напредок на институциите. „Седум министри помалку имаме во новата влада. Не правиме парлалелен систем, не нови министерства. Сакаме само функционален систем. Онаму каде што мора да има вработувања, ќе мора да има. Инспекторатите мораме да ги јакнеме, немаме доволно кадар. Имаме само еден инспектор за спорт, а имаме толку клубови. Јавното обвинителство има еден ИТ инженер, а сакаме дигитализација на јавните обвинителства. Целата погрешна политика на вработувања мораме да ја поправиме ако сакаме резултати и враќање на довербата во институциите.“- категоричен беше Николовски.

Треба да знаете
Последни објави