Search

Мицкоски и Маркоски со контраставови за вирусот, кому да веруваат граѓаните

Христијан Мицкоски во петок навечер се појави со вонредно обраќање до граѓаните. Зборуваше за последиците од корона вирусот и на граѓаните им порача дека треба да носат маски, да не се групираат, да не излегуваат од дома кога немаат потреба… или им ги наброја мерките на Владата кои со денови ги критикува. Од една страна на Мицкоски му сметаат мерките за заштита од вирусот, од друга повикува да се почитуваат. Какво лицемерие со ова покажува лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Дополнително, лицемерно е да повикувате на почитување на мерките, а во своите редови, на висока партиска позиција да го поставите лекарот Вело Марковски, кој многу пати во јавноста зборуваше за некаков смешен вирус, за непостоење на вирус, па дури и дека не треба да се носат маски. Кому да веруваат граѓаните, на лекарот Марковски или на политичарот Мицкоски? Има ли воопшто ВМРО ДПМНЕ единствен став во однос на Ковид 19 и неговите последици? Или секој зборува што сака, па внесува дополнителна грижа кај народот. На Мицкоски му стана навика секој ден да ги брои починатите од вирусот, а со самото тоа потврдува дека короната е опасна по животот, но така не мисли лекарот во неговите редови. Со ваквите контраставови врвот на ВМРО ДПМНЕ внесува забуна кај граѓаните. Некрофилот Мицкоски дури и троши илјадници евра за билборди и видео спотови со црна кампања за да ги критикува здравствените власти, пари кои може да ги донира во борбата против Ковид 19, што би било конструктивно однесување. Вака, обраќањата на Мицкоски се само сеење магла и покажување негрижа за јавното здравје.

Треба да знаете
Последни објави