Search

Украдено возило од рент-а-кар фирма во Косово пронајдено во Македонија

Патничко возило марка „Опел инсигнија“ што било украдено во Косово е пронајдено во Македонија, информира полицијата.

Возилото било во сопственост на рент-а-кар фирма од Приштина и било украдено во текот на месец октомври годинава. Полицијата го пронашна во село Горно Количани во земјава.

За кражбата на возилото било добиено известување од Интерпол дека на 30.10.2020 во Лебане, Косово е извршено кривично дело одземање на патничкото моторно возило.

„Преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР-Скопје, Одделот за криминалистичка полиција, ЕБР и ОСОСК. При претрес во село Горно Количани, возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот“,

соопштија денеска од МВР.

Треба да знаете
Последни објави