Search

Трамп положи свежо цвеќе на гробиштата во Арлингтон за Денот на ветераните

Денеска во САД се одбележува националниот празник Ден на ветераните, посветен на сите Американци кои служеле во вооружените сили како во воено така и во мирнодопско време. Претседателот Доналд Трамп, придружен од првата леди Меланија, беше во посета на Националните гробишта во Арлингтон, каде положи свежо цвеќе. 

Ова беше прво појавување на претседателот на САД во јавноста откако во саботата американските медиуми го прогласија за победник на претседателските избори неговиот соперник, демократот Џо Бајден. 

Бајден, како новоизбран претседател, пак, заедно со својата сопруга Џил, беше во Филаделфија на посета на Меморијалот на ветераните од Корејската војна, при што положи свежо цвеќе. 

Денот на ветераните првично се нарекуваше Ден на примирјето и спомен по повод крајот на Првата светска војна на 11 ноември 1918 година, а преименуван беше во 1954 година. 

-Се радуваме на мирот, прогресот и слободата благодарејќи на нашите ветерани, и остануваме вечно должни пред нив, изјави претседателот во соопштение празникот. 

Во него се истакнува дека неговата Администрација прави активни напори за поддршка на американските ветерани, со различни профилни програми во областа на здравствтото и социјалните услуги. Така на пример, лани беше отворена најголемата во историјата меѓу институционална програма за намалување на самоубиствата меѓу ветераните. 

Треба да знаете
Последни објави