Search

Скандал во Србија, масовно се споделува фотографија од полугола жена во привремената болница во Арена

Српските медиуми денеска известуваат за скандал откако на социјалните мрежи започна да се шири фотографија од полугола пациентка во долна облека, сместена во привремената ковид-болница во белградска Арена.

Жената била фотографирана во моментот на преслекување.

Отпрвин не беше јасно како и кога е направена фотографијата, но наскоро се јави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ. Во изјавата, тој потврди дека фотографијата е направена во Арена и побара итна истрага.

Надлежните органи се информирани за целиот настан и во тек е истрага за тоа како фотографијата завршила во јавноста.

„Денес, го замолив директорот на белградската Арена, Горан Грбовиќ, итно да истражи како е објавена фотографијата од жена во привремената болница во арената. Директорот веќе се обратил до армијата, која управува со болницата и до Министерството за внатрешни работи“, истакна Весиќ.

„Бесен сум. Градот Белград, како и српската Армија не се виновни за овој скандал, но ние сме должни да им се извиниме на овие жени и нивните семејства и да им ветиме дека оние кои се виновни за овој скандал ќе одговараат“, рече Весиќ.

Треба да знаете
Последни објави