Search

Пакети со ученички прибори за основци од помалобројните заедници

Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) денеска почна карван со кој во ноември ќе посети повеќе од 60 основни училишта од сите региони на државата, во кои учат ученици на јазиците на помалобројните заедници во земјава.

Ќе бидат поделени повеќе од 7000 ученички пакети за учениците од прво до трето одделение, надополнети и со маски и дезинфекциски средства, согласно со мерките за заштита од КОВИД-19.

-Пакетите се пакувани во Црвен крст, на кои им се заблагодаруваме за логистичката поддршка. Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците”, кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската Унија, соопшти АОПЗ.

Карванот почна денеска од основното училиште „Тефејуз” во Чаир, каде што наставата се одвива на турски наставен јазик. Заменик-директорот на Агенцијата Џелал Хоџиќ, заедно со Фрејк Јанмат, преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, и Илхан Рахман, заменик-министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во училиштето поделија 400 училишни сетови на учениците од прво до трето одделение.

Салајдин Зекир, директор на ОУ „Тефјуз”, се заблагодари на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и на Европската Унија за донацијата, која ја оцени како значајна за учениците кога наставата се одвива во услови на пандемија.

Треба да знаете
Последни објави