Search

Кривични пријави за 15 лица од Тетовско осомничени за вршење јавен превоз без лиценца

СВР Тетово поднесе кривични пријави против петнаесет сторители поради постоење основи на сомнение за сторени петнаесет кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца”.

Од МВР информираа денеска дека кривични пријави се поднесени против: Х.И. (60), Б.В.(55), С.П.(60) тројцата од Тетово, И.О.(31), Б. Б. (47), двајцата од с. Пирок, Ш.И.(59) од с.Д.Палчиште, С.Е.(34) од с.Добарце, М.М.(53) од с.Г.Палчиште, М.М.(30) од с.Калник, О.М.(20) од с.Непроштено, В.М(48) од с.Беловиште, Д.В.(58) од с.Рогачево, Љ.К. (53) од с.Старо Село, С.И. (38) од с.Голема Речица, и Н.Н(56) од с.Боговиње

– СВР Тетово од 29 септември 2020 до  3 ноември 2020 спроведе повеќе акциски контроли со цел утврдување нерегуларности во вршењето на јавен превоз при кои било констатирано дека горепријавените лица во својство на превозници, вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во патниот сообраќај, се појаснува во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави