Search

Истанбул ќе биде домаќин на ЕП во атлетика во сала во 2023 година

Истанбул ќе биде домаќин во 2023 година на атлетското Европско првенство во сала, објавено е на веб-страницата на Европската атлетска асоцијација.

Тоа ќе биде првпат Турција да биде домаќин на Европско првенство во атлетика.

Натпреварите ќе се одржат во салата Атакој, што беше направена за Светското првенство во сала во 2012 година. Следното Европско првенство во сала треба да се одржи во 2021 година во полскиот град Торун од 5 до 7 март.

Треба да знаете
Последни објави