Search

Заев: Вистинско решение со Бугарија е можно само ако двете страни излезат како победници

Искуството од преговорите со Грција ме научи дека на Балканот, кога се работи за вакви прашања, така се стигнува до вистинското решение, односно кога едната внимава на другата страна и обратно.

Ние имаме свои јасни и прецизни позиции и ќе продолжиме да работиме со Бугарија во изнаоѓање на заедничко, победничко решение. Македонските идентитет и гордост се и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа.

Ќе продолжиме да разговараме, но не мислам дека тој процес треба да се случува преку јавни препукувања. Нема да правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина. Удирањето во гради е можеби атрактивно за домашната јавност и во двете земји, но не ја зголемува шансата за решение и ние нема да го правиме тоа, секако и во периодот којшто претстои.

Многу е важно како комшии и пријателски земји, заедно да чекориме на патот кон Европската Унија поддржувајќи се едни со други, бидејќи само така ќе донесеме напредок за сите наши граѓани, што е наша основна задача како политичари.

Очекуваме, овие денови да се интензивираат разговорите, за пред 17-ти ноември, да се обидеме да постигнеме решение.

Треба да знаете
Последни објави