Search

Гаревски: Земјотресот не е поврзан со полнењето на Мавровското Езеро

Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во
земјава е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан и не е поврзан со полнењето на Мавровското Езеро со вода, вели за „А1он“ професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.

Стопанската Комора за Енергетика на Македонија по земјотресот во Маврово кој рано утрово ги вознемири граѓаните во Скопје и во западниот дел од земјава, реагираше на својата официјална Фејсбук страница, дека земјотресот е последица на празното езеро кое сега наеднаш се полни, а тоа предизвикува оптеретување на земјините плочи и предизвикува притисок и поместување.

-Ваков земјотрес не е за изненадување. Тој расед Дебар- Гостивар- Елбасан е континуирано активна зона. Очекувани се афтершокови. Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, како овој од утрово, носи со себе последователни, но послаби потреси. Земјотресот не е поврзан со полнењето на Мавровското Езеро со вода. Сметам дека е тектонски, не индуциран. Индуцирани земјотреси се појавуваат при нагло полнење или празнење на езерата, таков случај имавме на Козјак, но овде тлото е релаксирано, езерото постои долго време. Тврдам дека земјотресот е од тектонско потекло, објаснува Гаревски.

Треба да знаете
Последни објави