Search

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром повторно се труе, Шилегов и Марин никаде ги нема

Мерната станица во Лисиче уште од 17 часот покажува енормна загаденост на воздухот, а истата се повеќе расте со секој поминат час.

Нивото на канцерогени ПМ 10 честички во воздухот во Аеродром е и до 4-5 пати поголема од максимално дозволената граница. Марин потфрли.

Скопје буквално се гуши, а зимата не е ниту почната. И сето ова се случува на намален и редуциран градски превоз и намален проток на луѓе. Можеме да замислиме што ќе се случува во текот на зимскиот период.

Петре Шилегов и Златко Марин кои се најповикани да се справуваат со проблемот со загадувањето на воздухот не направија ништо за да го подобри квалитетот на воздухот.

Три години го преспаа мандатот без ниту еден проект.

Нема нови зелени површини, нема нови инвестиции во енергетско ефикасни објекти нема буквално ништо во насока на подобрување на животната средина.

Се што прават Шилегов и Марин е расфрлање со парите на скопјани на скапи журки и новогодишни украси.

Треба да знаете
Последни објави