Двајца скопјани загинаа во сообраќајка во Чешка

Двајца скопјани ги изгубиле животите синоќа во тешка сообраќајка која се случлила во Чешка, објави Фактор.мк.

Станува збор за млади луѓе кои биле тргнати на пат да се вратат дома – за жал не успеале. М.Б имал 30 години, а Д.Б 27 години. Сообраќајката се случила на автопатот Прага-Усти во Лаба во Чешка.

Чешките медиуми велат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот кој водел во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата се огласи и истакна дека ќе ги истражува причините за настанатата незгода

Треба да знаете
Последни објави