Search

Русите испратија уште еден „Илјушин 76″ во Нагорно Карабах за зачувување на мирот

Руското Министерство за одбрана  денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76″ со руски мировници замина за Нагорно Карабах. “Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила”, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од Тасс.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.

Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, азербејџанскиот претседател, Илхам Алиев, и рускиот претседател, Владимир Путин, вчера потпишаа договор за завршување на војната во Нагорно Карабах

Треба да знаете
Последни објави