Search

Мицкоски: Mногу почесно е Заев и Филипче да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжни граѓани

Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори дека Македонија губи премногу животи и дека работите мора да се променат.

Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенсиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи.

Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани.

 

 

Треба да знаете
Последни објави