Search

Силеџиството може функционира во подземјето на Софија, но не во ЕУ

Амбасадорите одржаа состанок во петокот за да излезат од ќор-сокакот околу преговорите, но не успеаја да ја убедат Бугарија да се придвижи, што предизвика растечка фрустрација кај дипломатите во ЕУ. Според нив, оваа земја ја држи заробена важната европска агенда со целосно домашен проблем, кој најдобро би се решил билатерално со Северна Македонија, тврди порталот „Политико“, пренесува Независен.

„Бугарската тактика на силеџиство може да функцинира во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но е крајно несоодветна на ниво на ЕУ“, изјави дипломат на ЕУ за „Бриселски плејбук“.

„Ако Бугарија – изолирана каква што е – продолжи со својот бескомпромисен став, таа ќе ја изгуби секоја преостаната добра волја што ја уживаше меѓу земјите-членки“, додаде тој.

Министерството за надворешни работи на Бугарија инсистира на ставот  дека сегашното решение „не ги задоволува законските гаранции што ги бара Бугарија“, јавува „Политико“.

Треба да знаете
Последни објави