Search

Се преврти брод во близина на грчкиот остров Самос, спасени 25 мигранти, пронајдено мртво дете и уапсени двајца

Крајбрежната служба на Грција во текот на вчерашниот ден интервенирала за спасување на мигранти, чиј брод се превртел во близина на грчкиот остров Самос, а било извлечено безживотното тело на едно дете.

Биле спасени вкупно 25 мигранти, а дел од нив успеале сами да стигнат на копно.

Денеска, биле уапсени две лица, меѓу кои и криумчарот кој воедно и управувал со пловниот објект.

Треба да знаете
Последни објави