Search

Руски војник пукал во три лица на воен аеродром во Вороњеж

Руски војник денеска застрелал три лица на воен аеродром во близина на рускиот град Вороњеж, по што се забарикадирал, соопшти  регионалната служба за итни случаи.

Војникот пукал од пушка што ја одзел од офицер, пренесе  Тасс.

Се наведува дека едно од застреланите лица преживеало и дека во критична состојба било пренесено во болница.

Воениот аеродром „Балтимор” е дел од Академијата за воена авијација и повеќе од седум години се реновира.

Пистата на овој воен аеродром е дизајнирана така да може да ги прими сите видови модерни авиони, и воени и цивилни.

Треба да знаете
Последни објави