Search

Меркел ќе учествува во повикот за иницијативата против исламскиот екстремизам

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе учествува во телефонски повик со други европски лидери за да разговара за иницијатива против исламистичкиот екстремизам, пренесуваат странските агенции.

Австрија и Франција беа погодени од смртоносни напади во последните неколку недели, кои нивните лидери ги опишаа како „терористички напади”.

За повикот се поканети францускиот претседател Емануел Макрон, австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. 

Треба да знаете
Последни објави