Search

Советничка во Советот на Крушево ја загуби битката со коронавирусот

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, објави дека ивна сограѓанка, инаку член на Советот на Општина Крушево, починала од Ковид 19.

,,Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на Општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни одзеде уште еден живот.Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот“-напиша Христоски.

Треба да знаете
Последни објави