Search

Од утре започнува повратот на парите од скенираните сметки од Викенд без ДДВ

Парите од скенираните фискални од Викенд без ДДВ над 204 илјади граѓани ќе ги добијат наредната недела. Исплатата почнува од утре. Сите кои купуваа домашни производи, компјутерска опрема или користеа услуги, во целост ќе го добијат платениот данок од 20, односно 10 отсто на нивните трансакциски сметки. Државата, како дел од 4 сет антикризните мерки, за да врати повеќе пари кај граѓаните и да ја поттикне потрошувачката, а со тоа и економијата, ја донесе мерката Викенд без ДДВ. Планираше да се потрошат над 170 милиони евра, а повратот да биде 17 милиони. Но, слабиот интерес или ограничените производи кои можеа да се купат, придонесоа да се реализира промет од само 9 милиони евра, од кои, според УЈП, кај граѓаните ќе се вратат 1 милион.

Кон крајот на наредната недела Управата ќе почне и со редовна исплата за скенираните сметки за претходното тримесечие, односно за  јули, август и септември. Околу 350 илјади граѓани кои ја користат апликацијата МОЈ ДДВ, со скенирање на фискалните сметки, можат да ја добијат максималната сума од 1.800 денари.

Извор: Сител

Треба да знаете
Последни објави