Search

Наместо ѓубре фрлил 22000 евра

Египетски државјанин кој живее во Кувајт случајно во контејнер фрлил 8.000 кувајтски динари (околу 22.000 евра) ,пишува Ал Калеј Денес, дневен весник од Обединетите Арапски Емирати.

Откако повлекол пари од банка, човек чиј идентитет не се открива ги ставил сите банкноти во голема пластична кеса во градот Јабрија во западен Кувајт. Кога излегол од својот дом да го извади ѓубрето, Египќанецот се смеел, па наместо вреќата со ѓубре, тој ја зграпчил вреќа со банкноти и ја фрлил во контејнер.

Конфузијата ја открил кога заминал да ги провери парите од банката. Залудно брзал кон улицата каде што се конјетнерите, кога стигнал до местото само можел да констатира дека камионот за чистота веќе ги испразнил контејнерите.

Според кувајтскиот весник „Ал-Раи“, несреќниот Египќанец се обратил до локалните власти за помош и им дал банкарска потврда за повлекување пари.

Локалната полиција ја презеде истрагата, но шансите да ги пронајде изгубените пари ги смета за мали.

Треба да знаете
Последни објави