Search

Баерн Минхен се издвои на врвот по дербите во Дортмунд

Во дербито од 7. коло во фудбалска Бундеслига, Борусија Дортмунд на својот стадион  загуби од актуелниот европски и германски првак Баерн Минхен со 2:3. Со овој триумф Баерн се издвоија на првото место на табелата.

Резултатот беше откриен во 45 минута кога во водство дојде Борусија, а стрелец беше Марко Ројс по убаво одиграна акција. Но домашните не успеаја на одморот да заминат со предност, бидејќи во четвртата минута од судиското продолжение од првото полувреме израмни Давид Алаба со погодок од слободен удар од 18 метри.

На самиот почетокот од вториот дел, во 48 минута Баерн направи резултатски пресврт. Бекот Лукас Ернандез уфрли од левата страна, а Роберт Левандовски со глава од тешка позиција ја погоди противничката мрежа. Новиот погодок домашните го примија од контранапад кој во 80 минута го реализираше Лерој Сане. До крајот на мечот Борусија успеа само да го ублажи поразот, со голот на Ерлинг Халанд во 83 минута.

Баерн сега се осами на врвот на Бундеслигата со 18 бодови, а Борусија Дротмунд е третопласирана со 15 бодови.

РБ Лајпциг на домашен терен со 3:0 рутински го совлада Фрајбург. Со убедливата победа РБ Лајпциг сега со 16 бодови е второпласиран на табелата со два бода зад Баерн и бод пред Борусија Д. Фрајбург е 14-ти со шест бодови.

Мајнц двапати со голови постигнати од пенал водеше против гостинскиот Шлаке, но на крајот дуелот заврши без победник 2:2. За Мајнц ова беше првиот бод освоен оваа сезона во седум кола и е последен 18-ти. За Шалке ова беше 23 натпревар по ред во првенството без победа, вклучително и минатата сезона, а сега е претпоследен 17-ти со три бода.

Без победник со идентитечен резултат 2:2 заврши и дуелот меѓу Штутгарт и Ајнтрахт, иако на полувремето домашните имаа водство од 2:0 со головите на Николас Гонзалес во 17 минута од пенал и на Гонзало Кастро во 37 минута. Но во продолжението гостите успеаја да дојдат до реми, преку Андре Силва кој погоди во 61 и откако во 75 минута Давид Абрахам по изведен корнер погоди со глава.

Штутгарт е седми на табелата со 10 бодови, колку што има и Ајнтрахт кој поради послабата гол разлика е три места подолу.

Фудбалерите на Унион Берлин шести меч по ред се непоразени, а во саботата на домашен терен со 5:0 ја совладаа Арминија од Билефилд. Унион Берлин е моментално четврти со 12 бодови, колку што имаат и Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах кои в недела ќе се соочат меѓусебно. Арманија е 15-та со четири бодови.

Во петокот Верер и Келн одиграа 1:1, па Вердер сега е 8-ми со 10 бодови, а Келн е 16-ти со три бода.

Треба да знаете
Последни објави