Search

Абас во честитката до Бајден апелира за зајакнување на односите на САД со Палестинците

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во соопштението во кое им честита на новоизбраниот претседател и на потпретседателката на САД, Џо Бајден и Камала Харис, апелира до идната администрација да ги „зајакне палестинско-американските односи” и да се залага за „мир,стабилност и безбедност на Блискиот Исток”.

Според неименуван соработник на Абас, Рамалах ќе бара од Бајден да ја врати Амбасадата на САД во Тел Авив и да го поншти признавањето на Доналд Трамп на Ерусалим како главен град на Израел.

Тој тврди дека во пораката до Бајден, Абас тврди дека Палестинската упраца сака да ги обнови мировните преговори со посредство на САД, но од точката накоја беа стопирани во 2016година за време на мандатот на Барак Обама.

Треба да знаете
Последни објави