Search

Трамп не планира да го покани Бајден во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу сегашниот лидер и новоизбраниот претседател. Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја.

Претходно, американскиот претседател објави дека не го признава својат пораз иако медиумите во САД веќе го најавија Бајден за нов претседател.

Уставот на САД не бара кандидат да признае пораз од својот противник, но тоа е долга традиција во американската политика и се смета за знак на мирна транзиција на власта.

Треба да знаете
Последни објави