Search

ДУИ: Честитка од Ахмети за новизбраниот претседател на САД Бајден

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори на 3 ноември.

„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на Соединетите Држави за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа. Голема благодарност и до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите 4 години.

„Нашето пријателство со Соединетите Држави е вечно”, напиша Ахмети во својата честитка до новоизбраниот претседател Бајден.

Треба да знаете
Последни објави