Search

Атлетико преку Кадиз се искачи на врвот во Ла Лига

Атлетико Мадрид продолжи со добрите игри во шпанската фудбалска Ла Лига и во 9. коло победувајќи го Кадиз со 4:0. Блескаа двојниот стрелец Жоао Феликс и Маркос Љоренте кој запиша гол и асистенција.

Атлетико против тимот кој пред три недели го победи Реал во Мадрид, прашањето на победникот го реши во првите 20 минути. Две лоши реакции на голманот на Кадиз ги искористија Феликс во осмата и Љоренте во 22 минута. Стрелецот на вториот гол беше асистент за првиот.

Во второто полувреме Луис Суарез се запиша во листата на стрелците. Голот што го постигна во 53 минута беше петти за Уругавецот во Ла Лига.

Точка на мечот во 90 минута стави Феликс.

Атлетико, со натпревар помалку, се искачи на првото место во Ла Лига со 17 бодови, колку што има и Реал Сосиедад.

Треба да знаете
Последни објави