Уапсен велешанец осуден за убиство во обид, го фатиле во автомобил со марихуана

На 06.11.2020 околу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага во атарот на с.Горно Јаболчиште општина Чашка, лишен од слобода е Ф.Д. (31) од с.Горно Јаболчиште.

Тој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 в.в.чл.19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово.

При преглед кај лицето и возилото што го управувал пронајдена е прашкаста материја и марихуана.

Треба да знаете
Последни објави