Search

Очајно е ВМРО-ДПМНЕ, едни исти измислици и лаги, граѓаните не може да ги манипулирате

ВМРО-ДПМНЕ потоната во очај и безидејност продолжува на граѓаните да им сервира само лажни вести и дезинформации.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола, лиферува лажни информации и невистини, а потоа истите ги комуницира преку партиски канали и ја манипулира јавноста.
Лажната вест на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ веќе беше демантирана.
Апсолутно е неточно дека компанијата за која зборува Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ има каква било поврзаност со членови на семејството на претседателот Зоран Заев. Ниту некој ургирал ниту пак ќе ургира.
Тоа се едни исти измислици и лаги на ВМРО-ДПМНЕ, на кои граѓаните одамна не им веруваат.
За тоа говорат и три последователни порази на избори на ВМРО-ДПМНЕ и затоа ќе останат уште долго во опозиција.
Треба да знаете
Последни објави