Search

Општините ќе добиваат поддршка во образованието со рангирање на училиштата според потребите

Министерството за образование и наука има критериуми и повик до сите општини кои имаат подготвено или да се мотовираат да подготват техничка документација за изведбени проекти и дозволи за градба за да може да аплицираат и да добијат финансиски средства.

– На тој начин ќе направиме рангирање на училиштата, кое од нив каква потреба има и во кој период МОН преку Владата ќе може да ги поддржи општините, а со тоа и училиштата, изјави министерката Мила Царовска која денеска беше на промоција на публикацијата „Методологија за прераспределба на општинските буџети за основните училишта”.

Направена е анализата со која се опфатени 48 основни училишта во целата држава и таа, како што рече Царовска, ќе даде шанса МОН заедно со општините организирано да дејствуваат во насока на подобрување на условите во училиштата.

-Сè уште постојат училишта кои ги немаат минимум услови за настава, а тоа е пристап до санитарни јазли и вода. Сето тоа укажува дека треба да се зголемат капиталните инвестиции за да може општините да ги задоволат основите стандарди потребни за учење, рече Царовска.

Посочи дека е потребна и реорганизација на кадарот во училиштата за да имаат административна и стручна поддршка и дека тоа не значи затворање или отпуштања.

– Нашите систематизации во училиштата се сведени на наставен кадар, стручна служба, директор и секретар. Ниту има помошна служба, ниту образовни асистенти, ниту менторска поддршка, ниту супервизиска поддршка. Сето тоа треба да се постави од самите наставници и да се реорганиизраат училиштата со дополнување административна и стручна поддршка која им е потребна на наставниот кадар и на раководната структура во училиштето, додаде министерката за образивание и наука.

Треба да знаете
Последни објави