Search

Заев: Имаме прва блокада од Бугарија, ова е прво непријатно чувство

Бугарија го прекрши членот 2 од Договорот за доборососедство и ја даде првата блокада за преговарачката рамка за Макеоднија во Европката унија, објави премиерот Зоран Заев. Ова се случило на денешниот прв состанок на евроамбасадорите во Брисел.

Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин. Денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија дека првиот чекор е блокиран. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција, изјави Заев на денешната прес-конференција на увидот на магестралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар

Според Заев ова не значи и конечно вето од страна на официјална Софија бидејки следуваат уште два вакви состаноци, додека пак, министерскиот состанок на ЕУ (ГАК) е одложен од 10 за 17 ноември.

Имаме време, ГАК е на 17 ноември, следуваат уште два состаноци, не е се изгубено. Следува и берлинскиот процес, се надевам дека ако бугарскиот премиер Борисов е во добро здравје ќе се видиме и ќе поразговараме на оваа тема, ако не ќе се видиме онлајн. Има и интензивна комуникација преку министерствата за надворешни работи и верувам дека ќе се изнајде креативно решение, рече Заев.

Од страна на Македонија не бил прекршена ни еднаодредба од Договорот за добрососедство, а Заев нагласи дека нема да има никаков анкес на договорот.

Треба да знаете
Последни објави