Search

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува во вторник

Пристигнати се сите вакцини за грип, а за време на викендот ќе се направи дистрибуција, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Спремни се пунктовите во Здравствениот дом и во центрите за јавно здравје и вакцинацијата ќе почне од вторник“, рече министерот.

Филипче на денешната прес-конференција повторно апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид-19. Тој нагласи дека вирусот е широкораспостранет и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција.

Треба да знаете
Последни објави