Search

Обвинетите за воени злосторства Тачи, Красниќи, Селими и Весели во притвор во Хаг

Специјализираното обвинителство за Косово соопшти вечерва дека ги уапсило Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои вечерва се сместени во притворот на Специјалниот совет за Косово во Хаг. Во соопштението се напоменува дека Судија на претходна постапка на Специјалниот совет за Косово на 26 октомври го потврдило обвинението против нив четворица.

Тие се товарат дека сториле воени злосторства- незаконско или произволно апсење и лишување од слобода, суров третман, тортура и убиство. Обвинети се исто така за злосторства против човештвото, како што се затворање, други нехумани дела, тортура, убиство, присилно исчезнување на лица и прогонство, од март 1998 година до септември 1999 година на неколку локации низ Косово, како и во Кукс и Кахан во северна Албанија.

Се додава дека во складсо правило од Правилникот за постапка и докази пред Специјализираниот совет за Косово потврденото обвинение во тој момент не било обелоденето, но сега е објавена поправена верзија и налог за апсење.

 

Информацијата за датумот и времето на првото пристапување пред судот на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кое ќе се одржи пред судија на претходна постапка, ќе биде наскоро објавена. Некогашните високо позиционирани припадници на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими претходно денеска, наводно, доброволно отпатувале со авион во седиштето на судот во Хаг.

Треба да знаете
Последни објави