Search

Николовски: Заврши времето на врски, народот не избра да го подобриме системот, законот важи за сите

„Да направиме се да ја вратиме довербата во институциите, да бидеме транспаретни и кога се ќе се знае ќе се намали и корупцијата, да немаме предмети што се чуваат во фиоки, да не биде за административна работа граѓаните да бараат заобиколни патишта преку врски, да ги скратиме процедурите, да ги скратиме дискреционите права, да ги скратиме непродуктивните трошоци, туку да инвестираме во развој. Сето ова значи да ги подобриме институциите и да ја вратиме довербата на граѓаните во нив. Знам дека криминалот и корупцијата јадат добар дел од БДП и никој не успеал да ја добие таа битка, но важно е да се намалува корупцијата и таа битка да биде перманетна. Затоа и постои мојата улога, да ги координирам институциите, како царина, финансиска полиција, УЈП и другите, да ги искористиме сите капацитети, да има силна комуникација која недостига, интероперабилноста на самите институции ни е една од првите задачи. И кога сето тоа ќе го испорачаме ќе следуваат и резултатите, а граѓаните ќе бидат сведоци, аргументираше Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, во интервјуто на телевизија Стар, објаснувајќи ја својата улога во битката против криминалот и корупцијата.

Според него важно и регулаторните тела како ДКСК или Заводот за ревизија да осетат дека во државата имаат партнери, а истото го очекува и од јавните обвинителства и судовите. Според него, само со организиран настап на сите чинители може да се очекуваат резултати против корупцијата.

-Избработивме нов етички кодекс во кој се вградени многу нови елементи, кој не ги опфаќа само членовите на Владата, министрите, туку и сите други функционери назначени од Владата, а интенција е да важи и на локално ниво, да ги отвирме сите институции. Во Кодексот се пропишани основните принципи на однесување на носителите на јавни функции, обврските, за објавување на сите извештаи за работењето, а неисполнувањето покренува политичка и морална одговорност, нагласи Николовски.

Тоја истакна дека функционерите се лицето на државата, а во изминатиот период ова лице премногу е извалкано со арогнација, неотченост нетранспарентност, незаконско работење и други појави кои мора да ги откоренуваме во општетсвото.
Ова е кодекс за однесување не само во владата туку и во партијата, каде донесовме низа инструменти, со кои надзорниот одбор доби зголемени ингеренции за контрола и санкционирање на нетичко однесување на функционерите, исто како што етичкиот кодекс на владата ги дава инструментите и неколку мерки, кои премиерот може да ги изрече и веќе ги употреби како барање за оставка,проследување до надлежните иснтутици, разрешување.
Тој додаде дека институциите треба да си ја завршат својата работа, но заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Груевски вршеа промени на сите во државата, со една одлука се сменија 2.000 луѓе пред десетина години, тоа е арогнанто однесување, кое ја врати државата години наназад.
Со нашиот фокус на етичкото однесување, ќе имаме подобро општество и ќе одработиме за државата, порача Николовски.

 

Треба да знаете
Последни објави