Search

НБА планира да ги пополни арените со 25-50% од вкупниот капацитет на почетокот на сезоната

НБА им постави цел на клубовите сезоната 2020/21 да започне со навивачи на трибините.

Според Шамс Харанија, инсајдер на „Атлетик” во НБА лигата, во зависност од правилата во одреден регион, лигата планира да ги пополни арените за 25-50 проценти во првите недели од шампионатот.

Од клубовите ќе се бара да почитуваат посебен протокол, според кој посетителите на натпреварите ќе мора да носат маски, да одржуваат социјална дистанца и да бидат подложени на тестови на коронавирус.

Исто така, се забележува дека местата што се наоѓаат најблиску до теренот, ќе се оддалечат за 3-3,7 метри.

Правилата за дозвола за присуство на навивачи во НБА-арените може да се ревидираат за време на шампионатот ако се промени ситуацијата – на пример, ако се одобри вакцина за коронавирус.

За потсетување, стартот на новата НБА сезона најверојатно ќе биде на 22 декември.

Треба да знаете
Последни објави