Search

Обвинение против најстариот син на бразилскиот претседател

Државни обвинители во Рио де Женеиро соопштија дека официјално покренале обвинение против Флавио Болсонаро, најстариот син на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, поради негово наводно учество во мрежа за извлекување јавни средства.

Доцна синоќа е обвинет и поранешниот советник Фабрисо Куеироз и уште 15 лица, чии имиња обвинителите не ги откриваат.

Обвинителите наведуваат дека наводната измама траела од 2007 до 2018 година.

Флавио Болсонаро демантираше дека е вмешан во измамата и истакна дека обвиненијата против него се неосновани.

– Немам извршено никакво злосторство, нагласи тој во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави