Меси со порака до Марадона: Сакам да закрепнеш што побрзо, топло те прегрнувам

Капитенот на Барселона, Лионел Меси му искажа поддршка на екс-играчот и тренер на аргентинската репрезентација Диего Марадона.

Легендарниот Марадона ноќеска беше опериран за отстранување на хематом од главата.

Диего, сите сили на светот се со тебе.Моето семејство и јас сакаме да бидеш подобро што е можно побрзо. Те гушкам од срце, напиша Меси на Инстаграм.

За време на операцијата на 60-годишниот Марадона, голем број негови приврзаници се собраа пред болницата во Буенос Аирес и му искажуваа поддршка.

Своевремено Марадона беше најдобар играч на светот, а според многумина, тој е и најдобар во историјата на фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави