Search

Гир, Битиќи и Бектеши во Старата скопска чаршија за промоција на туризмот

Евроамбасадорот Дејвид Гир, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се сретнат пред црквата „Св. Спас” по што ќе направат обиколка на Старата скопска чаршија.

Како што е најавено, тие ќе ја посетат Европската улица, ќе поминат покрај џамијата „Мурат Паша” за да стигнат до улицата „Битпазарска”, каде што беа направени интервенциите во рамки на проектот „Промоција на туризмот на Старата чаршија во општина Чаир”. Тие ќе бидат придружувани од Висар Ганиу, градоначалник на Чаир и Ацо Костов, директор на Институтот за културно наследство. Подоцна, сите заедно ќе присуствуваат на завршниот настан на проектот што се одржува на плоштадот Скендербег.

Проектот „Разубавување на Старата чаршија” се спроведува во рамки на Програмата за локална и регионална конкурентност, која е заеднички финансирана од Европската унија и Владата, а е администрирана од Светска банка. Главна цел е да ги спои туризмот и економијата, истовремено промовирајќи го природното и културното наследство. Според самиот проект,  на 39 продавници на улицата „Битпазарска” им се заменуваат прозорците и вратите, улицата е обновена и има туристичка сигнализација.  Како симбол на обединетата разновидност, Старата чаршија ги претставува европските вредности и затоа симболично е домаќин на Европската улица во последните две години.

Треба да знаете
Последни објави