Search

Бочварски: Вложени 23 милиони евра во подобрување на патиштата во регионот на Македонска Каменица

Во регионот на Македонска Каменица досега се вложени околу 23 милиони евра за подобрување на патната инфраструктура, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешниот увид на градежните активности за обнова на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса.

Бочварски информираше дека се врши целосна реконструкција на патот со инвестиција од 2,3 милиони евра на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) преку ЕБОР.

–  Направив увид во целосната реконструкција на овој пат, кој е доста значаен, бидејки поврзува две села со М.Каменица, но и рудникот Саса, кој е еден од гигантите во Источниот регион, вработува голем број граѓани, а исто тоа и голем број транспортни возила постојано поминуваат заедно со вработените. Должината на патот е 10 километри и инвестиција од 2,3 милиони евра. Инвестиција која е многу значајна, на делница која со години не била санирана и реконструирана, а денес се врши темелно реконструирање на целиот овој пат, со максимална реконструкција, вадење на тампонскиот слој и поставување нов слој тампон и два слоја асфалт од 15 сантиметри, ширината е 5,5 метри, рече Бочварски.

Досега, дополни, се асфалтирани два километри и работите продолжуваат и понатаму. Динамиката на реалзиација е добра и се очекува патот да биде завршен наредната година пред утврдениот рок.

– Нашите приротитрети ќе останат модерна и поквалитетна инфраструктура и да ги намалиме жртвите, со тоа што ќе ја зголемиме безбедноста на патните правци. Ова особено важи за целиот Источен регион, кој од слепо црево, денеска е регион кој е со многу развиена квалитетна инфраструктура, по која можат да се движат граѓаните и се разбира бизнис секторот кој егзистира овде. Се сеќавате како беше пред неколку години,  карпи стоеја со години неотстранети. Денес имаме нов пат од Кочани до М.Каменица, но и се гради и новиот експресен пат, чија изградба на првата делница заврши, втората делница е изградена некаде 23 проценти и е во вредност од 18 милиони евра. Значи инвестиции кои значат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, поквалитетна инфраструктура, посилен бизнис и подобри работни места, изјави Бочварски.

Со реконструкција на регионалниот пат М.Каменица – Саса, како што додаде градоначалничката Соња Стаменкова, се реализира и предизборното ветување, кое претходно беше дадено пред граѓаните. -Покрај ветувањето, со целосно завршување на овој значаен патен правец ќе се зголеми безбедноста, посебно за жителите од селата Саса и Моштица кои гравитираат кон овој пат, но и големиот економски гигант со вработените во рудникот Саса, рече Стаменкова.

Жители на село Саса, како што самите изјавија, долги години ја очекувале реконструкцијата.

Треба да знаете
Последни објави