Search

Бајден го зголеми водството, шест клучни држави ќе го решат победникот

Исходот од американските претседателски избори се сведе на шест држави во кои гласовите и денеска се уште се пребројуваат, а трката е премногу рамноправна за да може некој од кандидатите да се прогласи за победник.

Во моментов демократскиот кандидат Џо Бајден има 248 електорални гласови, додека актуелниот претседател републиканецот Доналд Трамп е со освоени 213 електорални гласови, односно 214, откако вечерва му беше впишан и еден глас од сојузната држава Мејн.

За прогласување победа на изборите и влез во Белата куќа на секој од кандидатите му се потребни 270 електорални гласа.

Треба да знаете
Последни објави