Search

Бајден ги повика приврзаниците да донираат средства за правна битка

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден денеска ги повика приврзаниците да дадат финансиски придонес во акцијата на неговата кампања за заштита на изборите во случај на можна правна битка.

– За да се осигураме дека секој глас ќе биде преброен, ние започнуваме најголема акција за заштита на изборите. Бидејќи Доналд Трамп нема да го одреди резултатот од овие избори, туку граѓаните на Америка, рече Бајден на Твитер.

Кандидатката за потпретседател на САД Камала Харис исто така ги повика приврзаниците на Твитер да донираат пари, пренесува Си-Ен-Ен.

Трамп синоќа се закани дека ќе оди на суд за да спречи пребројување на сите гласови, но нашата кампања е подготвена да возврати. Нашата работа може да трае со недели и ни треба вашата помош. Дали можете да донирате пет долари на Фондот на Бајден за борба?” , напиша Харис.

Исходот од претседателските избори во САД е сè уште неизвесен, а пребројувањето на гласовите и натаму трае. 

Треба да знаете
Последни објави